Нова република: Расчистување на маглата што ја нема
8 јуни 2023·Ивон Величковски

1. ВМРО-ДПМНЕ прифака уставни измени. Дебатирајќи кога да стапат во сила, а не дали, и за Мицкоски:
- уставот треба да се дополни, и
- ланските протести беа непотребни.
Задоцнето, но на крајот на краиштата правилно, останатото е само техника на soft landing на ВМРО-ДПМНЕ.
2. Ова треба да се покрива со круг фемкања и потрага по "гаранција" за македонскиот идентитет, небаре е електричен апарат. И обилна доза псевдо-национализам.
Дали ова ќе им го зголеми внатрешниот јаз? Ако продолжат да го попречуваат правецот со сопки на процесот - да, ако се вклопат во правецот за да го поддржуваат процесот - не. Процесот на, подголтнете, Северна Македонија.
За патетика на апасиевци, димитровци, максимовци и слични, "притиснете # и причекајте да ви се јави операторот".
3. Државнички ли е да се овозможи "мекото приземјување"? Да. Во таа смисла, правилен е ставот на Ковачевски и власта да се овозможи престројување на ВМРО-ДПМНЕ назад во реалноста? Да. Сепак успехот на процесот ќе зависи од откажувањето и на "Бихаќка" и на "Бела палата" и на "Речица" од заштитата на:
- своите ботови и пара-медиуми,
- монополот на ПЈРМ-овската коморска олигархија и
- талогот на Белград-бојсите од 1990-тите инсталиран во нив.
4. Првиот резултат од ова, парадоксално, нема да се види со уставните амандмани, туку со претседателските избори. А од нивната (кадровска и партиска) динамика ќе зависи дали Македонија ќе остане во "пакетот" на ЕУ проширување со Албанија или врвен дострел ќе ни биде "Отворен Балкан 3 минус 1".
5. Затоа - без медиа-драматика, политичка патетика и трикови "Правен факултет Скопје 1989". Веќе не предизвикуваат дразба.
Да, тоа обесмислува многу "фини" и "надежни" политичар(к)и и новинарски "бардови".
Но тоа е небитна цена за европска Македонија. А прескапа за нејзините противници.