НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

"Лебедова песна" на олигархијата на ПЈРМ: Европо, дај само пари, за останатото како и до сега - ќе си глумиме "еквидистанца"

21 јуни 2023·Ивон Величковски
Ако денес се прашува Кремљ да избира меѓу враќање на нивните олигарси на власт во Украина или продолжение на окупацијата на дел од земјата, што мислите дека би бил одговорот?
Првото, секако, оти така би ја имале под контрола цела Украина, одделена од ЕУ и евро-атланскиот простор.
Деновиве и старо Скопје лансира понуда со таква видлива позадина.
Преку поранешни државни функционери (од партиите) на Поранешната југословенска Република Македонија на граѓаните им се нуди лимонадата "поинаков пат кон Европа".
Со неа демек се нуди некаков "скратен пат" преку Европскиот договор за слободна трговија, кој треба да се претстави како "економска алтернатива".
На европскиот заеднички пазар?! Низ учество на Македонија на него, наместо Македонија да е - дел од европскиот заеднички пазар?!
Потреба на окупираната македонска транзициска економија и финансии неконкурентна на регионално, а не пак европски - ќе речете?
Да. Но и многу повеќе од тоа.
Предлогот е паничен одговор на скопската пост-југосоветска олигархија што губи моќ без монополот на економско-финансиската линија север-југ и зависноста од руски енергенси.
Затоа, целта на старите партии на старо Скопје е да го реинсталираат моделот на "еквидистанца" од 1990-тите, со кој тогаш РМ глумеше, а денес РСМ треба да имитира "неврзаност". Тогаш кон НАТО сега кон ЕУ.
Со тоа, проекцијата е да се одложат обврските преземени и со Софискиот и со Преспанскиот
договор.
И, особено битно, да ги запостават обврските кои произлегуваат од отпочнувањето преговори со ЕУ.
Директно пореметувајќи го и процесот на проширување на ЕУ и определбата на САД за помагање на интеграцијата на Северна Македонија и Западниот Балкан во ЕУ.
Притоа, ова јавно ќе се образложува со обврските за промена на уставот, со тезите "Европа не не сака" и сл.
Но, основа на спротивставувањето на ПЈРМ кон обврските на РСМ за членство во ЕУ е стравот од:
- оспособувањето на институциите за одговорно, транспарентно и проверливо владеење на правото,
- прекинот на културата и праксата на неказнивост (на корупцијата) низ системска заштита и партизираност, и
- отворањето на досиејата на ју-службата распоредена во втора и трета генерација низ партиите, комората, медиумите, банките, институциите.
Затоа ги молам граѓаните на Македонија, а особено Македонците, децениски целно држени во информативен вакуум - да не наседнуваат на оваа "лебедова песна" на керберите на ПЈРМ: жалната претходница на ренегатите на СДСМ или алтер-егата на групациите во ВМРО-ДПМНЕ.
Едноставно е, екс-функционерите на ПЈРМ и нудат дистанца на евроатланска Македонија од ЕУ додека Белград потсетува на поранешните кризни жаришта во Црна Гора, Косово и Македонија, алудирајќи дека сопствената внатрешна криза може да ја извезе регионално.