НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Крајот на „Отворен Балкан“ - крај на отворените граници на балканскиот криминал. И на политиката од 1990-тите

2 јули 2023·Ивон Величковски
За жал на транзициските партии од Западниот Балкан секако - партиите на службите во самракот на комунистичките режими во Југославија и Албанија, дизајнирани за покритие за нивните транзициски мафии и олигарски.
Затоа Отворен Балкан (ОБ) беше точка на лесно постигната согласност меѓу:
- партиите на (политичкото Старо) Скопје (домашно) и
- триаголникот Скопје-Белград-Тирана (регионално)...
...за кочење на Берлинскиот Процес (БП).
За очекување е затоа веста да биде игнорирана.
Ова е сатисфакција за Подгорица, Сараево и особено за Приштина, кои со години не го прифаќаа овој слаткоречив, но несуштински (приватен) проект.
Да, сатисфакција е и за малкумина од нас во Македонија и за опозицијата во Албанија спротивставени на ОБ како:
- "егзотична" зона на сомнителен домашен капитал на Балканот проектирана според "сеќавањата од младоста" на Белград-Бојсите,
- Балканска "Фри-шоп област" во Европа на "црните пари" од руско и белоруско потекло што со почетокот на руската агресија врз Украина (требаше да) транзитираат низ Србија кон регионот.
Враќањето на Албанија кон Берлинскиот процес како европски инструмент за приближување и внесување на Западниот Балкан во ЕУ според стандарди, методологија и со обезбедени финансии секако значи крај за ОБ.
Затоа итно е потребно:
- Владата на Северна Македонија да се повлече од ОБ со истоветна изјава и
- Опозицијата да најави поддршка за ваквата позиција на Владата as we speak.
Страната што ќе постапи спротивно на ова - ќе покаже дека Македонија ја гледа како дел од "српскиот свет", наместо како дел од европската целина.
Непријатно е што политичката сцена на Македонците, но и онаа на Албанците во Македонија дури по ова прашање ќе се диференцира: низ (не)согласување со овој фактички повик за определување на Србија дали сака да припаѓа во Европа и евро-атланскиот простор или не.
За нас граѓаните на Македонија (и особено за Македонците) кои 30 години се залагаме за Македонија во НАТО и ЕУ по убедување, а не според привилегии - непријатноста за партиите и нивните бизнис-службењачки сопственици е - небитна.
На кратко: Позицијата на Рама и ваквата потребна позиција на Ковачевски за окончување на ОБ (особено по средбата со Шолц) би биле природна согласност на партнери и сојузници на заедничкиот пат кон Брисел - меѓу себе и со другите партнери и сојузници - ЕУ и САД.
Особено што ова е позитивна најава за враќањето на координираната политика на Брисел и Вашингтон кон регионот.
Сега се разјаснија и подметнувањата во изминатите годинаипол - две низ:
- повиците да "потпишеме договор за слободна трговија и да не очекуваме дека ќе одиме брзо кон Европа";
- повиците на "јавноста" за раздвојување на Македонија од Албанија во почетокот на ЕУ-преговорите,
- Отпорот кон уставните амандмани за закочување на македонскиот преговарачки процес...
Блефовите завршија. Картите се на масата.