Односот кон уставните дополнувања и инвестициите од соседството покажува дека еднаквоста ги плаши само „системските Македонци“
26 јули 2023·Ивон Величковски

Односно транзициските југо-олигарси и нивните коморски, партиски и медиумски одработувачи. Оти еднакви пред суд, УЈП, Царина, МВР, НБРСМ... и на пазарот, тие не се екслузивни
А неексклузивноста им го разбива монополот на моќ – користен за инфраструктурно, финансиско и системско држење на (Северна) Македонија во „српскиот“ и преку него во „рускиот свет“, што подалеку од европскиот и евро-атланскиот.
Само во таквата (ПЈР) Македонија и во енклавата „Република Македонска“ меѓу Групчин, „Деве Баир“ и „Богородица“ - овие олигарси можеа да се угледни бизнисмени и политичари, опевани од југо-македонистичките талози во академско-медиумската „јавност“.
Затоа особено нам Македонците ни е драго што започнува долго одложуваната декомунистикација и дејугословенизација на економијата, медумите, партиите, финансиите, правосудството, безбедноста...
Во економско-финансиска операција на оживување на граѓаните и економијата, но и безбедносно кинење на финансиерите на малигните влијанија во евро-атланска Македонија.
Особено што се поочигледно е и регионалното, а пред се внатре-српското соочување со своите талози на југословенството - маската за „српскиот свет“ како балкански огранок на „рускиот“ што го држи регионот во заложништво.
На Македонците и сите во Македонија во моментот ни се спротивставени партиите и медиумите на „системските Македонци“, чии "бардови" се сведени на тврдењето „И да се смени уставот, следуваат нови услови“
О да, од Брисел ќе има нови услови. За функционирање на институциите по закон спротивно на досегашната имитација на систем.
„....Сега диференцијацијата е по прашањето кој е за Рамковна, функционално-евроатланска и изворно европска Северна Македонија, а кој е за Дејтонска територија Македонија.“ (23 мај 2023)
Обидот за реорганизирање на олигархијата 2015-16 беше пресретнат особено со чистењето на „Титовка-натовците“ од Владата во 2021.
Олигархијата која под „македонска економија“ подразбира само збир на компаниите приватизирани од „системските Македонци“ и финансиски систем базиран на нивната најголема домашна банка – меѓусебно вмрежени со сопственички удели.
Крајот на економијата на „системските Македонци“ го отвора пазарот на пари, храна, услуги, енергенси... Опаднатата побарувачка на станови го стега обрачот околу банките, оти со коридорите 10Д и 8 градежништвото може да се пренасочи кон нискоградба и да се извлече од зависноста од банкарскиот систем на олигархијата.
Реалното отворање на банкарскиот сектор, пак, е услов за реиндустријализација на земјата.
Магловитите цели на Заев и Мицкоски на изборите 2020 се разјасни низ тековната кампања на олигархијата и нејзините (поранешни) функционери, партии и медиуми интензивирана од 2022:
1. Камуфлирање на олигархијата на „системските Македонци“ низ единство (на нивните инсталации) во владата и
2. Спречување западни инвестиции во финансискиот, здравствениот, прехранбениот, енергетскиот... сектор, а особено на инвестиции од Албанија, Бугарија или Косово...
...за конзервирање на распоредот и привилегиите на системските Македонци.
Но ништењето на екслузивитетот на моќ со членството во НАТО и одењето кон ЕУ незапирливо ги дроби олигархиските новинари, академици, професори, политичари, функционери... и самата олигархија и нејзиниот пара-систем.