НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Честит Илинден. Честит Ден на Републиката:

2 август 2023·Ивон Величковски
- од 1903 лик на слободата, рамноправноста и историскиот код на македонскиот народ,
- од 1944 формат на државноста и на Македонците и на сите што живеат во неа.
Остварената цел 120 години подоцна - на Македонците, на Албанците, на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите, Египќаните, Торбешите... што живееме во Македонија - е нашата денешна Република.
Создадена по многу премрежја, неидеална, но - наша.
Евроатланската држава Северна Македонија која ќе го изоди и преостанатиот пат кон Европа.
Бидејќи секоја генерација придонесува кон остварувањето на националниот интерес во времето и околностите во кои живее.
"Круната" на 2 Август 1903 и 1944... е 8 Септември (1991).
И секој Ден на независноста што го живееме и одбележуваме слободно.
Како што сонувале Илинденците.
И за крај: Да размислиме и како од следната година Илинден да се прославува на Мечкин Камен, Пелинце... без помпезни делегации и приеми и "преџвакани" партиски говори и коњаници.
Оти Илинден е празник на Републиката, а републиката им припаѓа на граѓаните, на луѓето - а не на функционерите.