НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Противењето на уставните дополнувања од југословенистите покажа како "борбата" стана позначајна од резултатот

20 август 2023·Ивон Величковски
Судирот меѓу белградско Скопје и европска Северна Македонија:
- сега само се прекрива со тоа "колкумина гласале за дневниот ред за Уставот,
- стана отворен и главен по "цензурираната" најава на премиерот за барем еден пратеник - соработник на југословенската тајна служба.
Ковачевски беше непотребно дискретен.
Бидејќи е свесен дека во својата и воопшто во партиите "создадени" 1989/90 и нивните деривати "врие" од соработници на старите служби? Секако.
Бидејќи тешко му е да се изолира од нив и нивните деца и внуци распоредени во Комората и нејзините банки и фирми, медиумите, невладините... означени во Резолуцијата на Европскиот парламент кој недвосмислено бара отворање на архивите на соработниците? О да. Но, нема потреба од ваква "дискретност".
Во моментот кога реши да се дистанцира од тајкунските кујни создавани со парите на југословенските и советските служби, тој избра страна. Правилната. На дејугословенизација и декомунистикација на евроатланска Македонија.
Страната на маргинализираното мнозинство Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми... Бугари, Хрвати, Црногорци, Евреи, Египќани...
Маргинализирано од контролираните медиуми и партии на инсталираната југо-олигаргија што тој само верувал дека се "слободни" - додека новинарството беше нагазено од тајкунските спонзорства, а политиката од олигархиските кадровици.
Нека не се грижи, овие се одложени и мачни, но корисни и незапирливи процеси - за да ни ја ослободат политиката, економијата и финансиите од југословенското (читај српското/руското влијание).
На што чекаат и други соседи во регионот.
Доколку продолжи по патот, тој може да биде на чело на процесот. Се додека не си замисли дека е контролор на процесот.
При тоа може да биде спокоен: никој не се грижи за тезите на Мицкоски за "муабет пред кооперација" дека Ковачевски го "слуша" Ахмети.
Едноставно, на сите им е јасно дека и Ковачевски и Ахмети го "слушаат" Брисел. Каде е седиштето на НАТО и ЕУ. Каде (и) Македонците и Албанците сакаат да припаѓаат.Не затоа што нема алтернативи, туку затоа што оваа алтернатива свесно сме ја избрале.
ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе избира дали да ја следи анти-реториката на Мицкоски и да се сегментира.
Затоа нека не се изненадува кога:
- соработници во партијата, коалицијата и институциите, од Пендаровски надолу ќе го саботираат како од 2 Август наваму,
- ќе има соработка и разбирање од мнозинството граѓани и во "старите" и во новите политички движења кои знаат дека конечно дошла 1991 година и во Македонија.
Но, ако помисли дека може партиски да го злоупотреби процесот или да игра "тргни-застани" - ќе биде отфрлен.
Адаптирано: "Ние ја градиме Европа, Европа не гради нас".