Од "Хард Рок" до "Штекли": Организираниот криминал е "организиран" кога е толериран (читај: овозможен) од институциите
26 октомври 2023·Ивон Величковски

Пара-системот на југо-советските тајкуни исцрта своја "територија". Во Македонија тоа е подрачјето под контрола на "угледните бизнисмени":
- настанати од приватизацијата и кршењето на ембаргото кон СРЈ (режимот на Милошевиќ) и
- произлезени од фирмите за меѓународна трговија со советски "Ситко".
Сите тие постојано флертуваа со домашната политика (што ја обликуваа преку нивните медиуми и партии) и западните амбасадори во егзотичниот Балкан од 1990/2000-тите.
За тоа време, институциите се партизираа до пасивност, а безбедносните апарати се корумпираа до нефункционалност.
2. Македонија, како и Балканот постојано е транзитна зона на шверц. Непријатна вистина е дека и Југославија ги финансира своите служби од таквиот шверц. Разликата е во "пазарот": до 1990 е пред се транзитна рута, а многу помалку "пазар", оти "робата" пред се е наменета за земјите со повеќе "платежно-способни корисници".
Промената за македонски услови станува видлива од средината на 1990-тите: Наспроти проектираната предрасуда "Шиптарите се занимаваат со дрога", дрогата во Македонија почна масовно да се појавува во Штип и Кочани 1995-96, а "експлодираше" во Скопје, додека "Франкфуртската мафија" веќе на ангро регрутираше низ Велес и Повардарието.
"Хард Рок" 1995 беше првата афера за рекет-заштита на локали, но до денес се премолчува дека "рекетот" не е само за тоа кој да ги "обезбедува" локалите/дискотеките, туку и колку "бело" во нив треба да пропушти "обезбедувањето".
3. Тајкуни, политички и полициски функционери и мафијаши денес неретко може да сретнете на исто место: во ексклузивните локали.
Личи чудно кога функционери сонуваат да бидат "босови", а босовите да бидат "началници" на своите воспоставени пара-системи?! Штом системот не одржува ред, логично е пара-системот да воспоставува свои правила. Особено ако шефовите по институциите му се на платен список.
4. Но, денес предизвикот е поголем: Нелегалната трговија опфаќа разна стока, од наркотици до луксузни автомобили. Колку е поголема нелегалната трговија и колку повеќе пари генерира, толку и е подлабок институционалниот (корупциски) опсег (од полиција до царина). И колку поголеми пари генерира, толку подлабоки "операции" финансира.
Организираниот криминал и корупцијата од Дрина до Вардар всушност се и извор на финансирање на безбедносните закани кои се логистика на операциите на Кремљ на Балканот.
За овие потреби, во зоната од Куманово и Скопје, преку К.Митровица и Подгорица до Белград и Б.Лука "борбата" е да опстојат:
- економско-финаниските пара-системи заштитени од нефункционални национални безбедносни и правосудни системи,
- duty free зоната за сите регионални мафии низ сите регионални failed states на овој потег, вклучително Северна Македонија.
5. Како ќе расте притисокот за нивно демонтирање, така ќе растат:
- пресметките меѓу криминалните групи, како последната во скопски East Gate Mall,
- обидите за повторување на терористички акти од типот на Бањска,
- шовинизмот и говорот на омраза на (деловите од) партиите што се ставени во full Kremlin mode - оти се потпрени на таа економско-разузнавачка логистика.