Величковски: Бура за Македонија или цунами во партиите
8 ноември 2023·Ивон Величковски

Спојувањето на изборите станува единственото средство за политичко одржување на ликовите и проекцијата на мајската средба 2020 Мицкоски, Заев и Пендаровски во вилата "Водно": "Влада на СДСМ/ВМРО-ДПМНЕ како претставници на Македонците со пропорционална контрола врз буџетот и институциите плус било која партија на Албанците (по можност ДУИ) за номинална претставеност во владата"
Ова е пресретнатото сценарио од 2020 на скопската југо-тајкунерија и нејзините политичари, медиуми, аналитичари... За нив потребно и во 2024 - за одржување на духот на ПЈРМ во телото на натовска РСМ.
И тогаш и сега замислено да се финансира со пари од ЕУ што нема да стигнат до луѓето, туку ќе се насочат кон "нова олигархија" што ќе ги чува старите привилегии и моќта што произлегува од нив.
Неуспехот на оваа проекција значеше формирање политичка наместо "широка" влада во 2020 и потоа промена на (добар дел од кабинетот на) Заев од Владата.
Затоа се препознаваат индикациите дека и сега, како и секогаш кога Македонија треба да направи исчекор - како да се прави проекција за ново "Големо уво".
Спреченото прелевање на Бањски манастир превенираше ново "Диво насеље". Но стилот на пресметките во подземјето го загатнуваат прашањето: Дали во тоа подземје може да се препознаат траги од "Вагнер" во него?
При информации за неколку негови центри за тренинг во регионот, не може да не се запрашаме дали оваа руска испостава на Балканот тренира само "борци" или и свои "разузнавачки пипци"? И дали ги користи и во "системот" на подземјето? И кај нас и во регионот?
Дали "премиер-Албанец" станува новото плашило за Македонците во илустрирање на стравот дека "државата станува албанска"? Онолку колку што државата ни стана влашка кога премиер ни беше Хари Костов?!
Чудно ли е што паниката во партиите изби кога се објави истрагата за големо даночно затајување од дваесетина фирми? И кој/каде е центарот на шемата?
Овие прашања во контекст на очигледната неформална коалиција на делови од партии по линија на вокален шовинизам во духот на "српски свет" ширен низ "Живаљевиќ медиумите" ни најавуваат сериозен политички и безбедносен предизвик.
На него ниту Македонците ниту воопшто (граѓаните на) Северна Македонија не можат да одговорат со вакви Претседател на Републиката и државни фунционери кои се составен дел од парализата што ни ја наметнуваат врз нацијата и државата.
За чии потреби - јасно е. Но не и за наши.