НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Очигледно обврска на добар дел функционери и партиски раководства е Северна Македонија да остане клин меѓу Јадранот и Црното Море

17 ноември 2023·Ивон Величковски
Обврската е кон:
1. Југо-советските тајкуни коишто им ги финансираат кампањите и им ги позајмуваат медиумите и, со тоа,
2. Нивните вистински сопственици за кои овој простор мора да остане во линијата на енергетска зависност кон Москва и црковно-културолошка подреденост кон (стариот) Белград.
Од Претседателот на Републиката преку опозицијата до медиумските инсталации на олигархијата, свесно е игнорирањето на фактот дека влезот на НАТО во Северна Македонија (со членството во Алијансата) значи тројно вмрежување на земјата по стандарди и ефективност:
1. Одбранбено, безбедносно и политичко,
2. Економско, инфраструктурно и енергетско, и
3. На системите за борба против корупцијата и нелегалната трговија и за владеење на правото.
Бидејќи нема сериозен функционер и политичар кому ова не му е јасно, секој од нив покажува:
1. Во функција на што е, преку тоа со кого (ќе) соработува за европска и евроатлантска Северна Македонија или
2. Дали ќе продолжи да одработува во спротивен правец со своето (не)постапување.
Свесни за состојбата "да се биде или не", олигархиско-инструментализираните делови од партиите и медиуми во Скопје од Вила "Водно", преку "Илинденска" до "Бихаќка", "Бела палата" и Мала Речица целно:
1. Го одмолчуваат обидот за враќање на Црна Гора во зоната на "српскиот" како прокси на "рускиот свет",
2. Го негуваат духот на "недефинираност до одбивност" на Македонците кон независноста на Косово, иако самата Србија трага по изборни резултати што ќе водат кон (фактичко) меѓусебно признавање,
3. Го толерираат анти-албанството и анти-бугарството како инструмент за психо-парализа на Македонците на опашката на југословенизмот,
4. Го посакуваат "Отворен Балкан" иако со Берлинскиот процес - и Вучиќ и Рама веќе го прежалија.
Форсирањето на темата "2 во 1" парламентарни и претседателски избори има за цел да не се проговори:
- За ниту еден од овие предизвици пред македонскиот народ и пред (сите во) Северна Македонија,
- За низ четврти мандат на Ѓорге Иванов и натаму суштински да немаме шеф на држава што ќе ја поведе нацијата кон промислена, конструктивна и функционална позиција во Алијансата, ЕУ и регионот.
Оти отворањето на овие теми е во корист на граѓаните, но на штета на тајкуните кои без контрола над институциите и, преку нив врз буџетот, би останале само бизнисмени.
Од Ковачевски и Заев, преку Ахмети и Груби, до Мицкоски и Груевски - јасно им е на сите.
Неподготвени да излезат од комфорната зона, деловите од партиите, медиумите, политичарите... но и од дипломатите залудно се надеваат дека ова ќе се забошоти со избори за (само дел од) партиските членства.
Не, темите (ќе) "експлодираат" во Скопје со забрзувањето на динамиката од Подгорица до Белград и од Сараево до Тирана. Колку и за тоа да молчат "Живаљевиќ-медиумите".
Пораката до нив, затоа, е да престанат да го трошат времето во зомбифицирање на нацијата (на Северна Македонија). The "walking dead" are walking but never the less - they are dead.
Патот пред нас, пак, е да тргнеме во избор на Претседател и потоа на Собрание и Влада за процес на консолидација на општеството, реиндустријализација на економијата и функционализација на институциите.