НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: "Крстот на Дака"

19 ноември 2023·Ивон Величковски

За доминација врз Балканот, Москва ги користи црквата, панславизмот и своите проксија. На тој правец, православието треба да остане етнофилитистичко (и догматско) и, со тоа, извор на конфликтност:

- меѓу народите на Балканот и
- кон неправославните верници (христијани или муслимани, сеедно).
На тој начин Русија (и РПЦ ставена во функција на државата) смета дека ќе го одржи своето влијание врз православните верници на Балканот изигрувајќи арбитер во нивните спорови:
- меѓусебни, за да се претставува како наследник на Византија и да се наметне над Вселенската патријаршија, и
- со другите верници, за да се претставува како пансловенски заштитник кон кого гравитираат сите јужнословенски народи.
За тие потреби МПЦ-ОА треба да биде инструментализирана, прашално призната и држена под влијание на СПЦ: Како со "томосот" што всушност Охридската Архиепископија како Православна црква во Северна Македонија може да го добие само од - Цариград.
Со сето ова во вид, вклучително предупредувањето од Зеленски дека следна цел на Путин за дестабилизација е Балканот...

Тетовскиот крст на Дака е само обид за московско-белградската црковна рака врз Македонците

Впрочем "означувањето територии" со цркви/крстови и џамии/минариња е пракса што беше развивана во две фази на независна Македонија:
- во 1990-тите до 2010-тите, следејќи го подемот и падот на Милошевиќевизмот и
- од 2010-тите наваму, односно од анексијата на Крим и подемот на Путинизмот.
Но ставањето на американската црна листа на Давидовиќ Дака (со странично имплицирање на СДСМ-овецот Заев во одлуката) и на Самсоненко со имплицирање на ВМРО-ДПМНЕ како негов омилен бизнисмен го обесмислува натамошното одмолчување на очигледното:

Дака и неуспешната инсталација на овој руски прокси низ имотот на "Јелак" и во Тетово и на Шара ги отвори трите партии што беа подготвени тоа да му го овозможат низ локалната самоуправа во мандатот на Теута Арифи.

Потоа завршија многу (дипломатски) кариери на "омилените" ликови на западните амбасади од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.
Но и владата на Заев, што ја потврди констатацијата дека тоа беше безбедносна операција од огромно значење.
Ковачевски треба да е свесен дека процесот е pending.
Бидејќи во тек е дестилација на политичките сили кои Северна Македонија вистински ја градат евроатлански и европски.
Тие се спротивставени на инсталираните талози на ВМРО-ДПМНЕ од Водно до коалицијата во СДСМ, но и на сите генерации гастарбајтери на СКМ во (раководството на) ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Ова го објаснува грчот на трите партии во проектирањето избори што треба да ги понудат истите состојби и кандидати.