Предвремени избори - партиски консензус за ново бегање од ЕУ-проширувањето

1. Преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ значат прекин на политичката неказнивост низ засилено владеење на правото и претрес на состојбите во (право)судството.
Така се спречуваат и меѓупартиски компензации за неказнивост, вклучително за „Пулс“, „Модуларна болница“,„Шверц на 50 тони марихуана“, „Талир 2“, „Ласкарци“, „Беса Транс“... со вкупно 137 загинати, огромен број повредени и материјалната штета по граѓаните и буџетот.
2. Преговорите за членство на Северна Македонија значат и примена на „Магницки“, ветинг и отворање на архивите на југословенските служби.
Тоа ги ослободува претприемништвото и медиумите и го прекинува партиското служење на тајкунските интереси поради кои домашната економија е во ваква состојба.
3. Северна Македонија не избира меѓу САД и ЕУ. Северна Македонија има стратешко партнерство со САД (и Обединетото Кралство и Турција).
Нацијата на Северна Македонија сака да биде во ЕУ по сопствен избор и свесно ги прифаќа критериумите за членство во неа, качувајќи ги сопствените стандарди и применувајќи ги преземените обврски.
4. Темата предвремени избори треба да ги спречи преговорите за членство во ЕУ.
Доколку парламентарните „опозициски“ партии смеат да не се бидат од ова сценарио, нека го раскинат партнерството со Мицкоски и тајкунеријата така што:
- ќе ги потпишат и поднесат иницираните уставни амандмани во Собранието или
- ќе се приклучат кон иницијативата на НОВА РЕПУБЛИКА за собирање 150.000 граѓански потписи за поднесување на уставните амандмани без партиски предзнак.
5. Гласањето на уставните амандмани во Собранието го деблокира преговарачкиот процес бидејќи дефинира кои партии се за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Особено кога дел од владините министри од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштаат тезите од 2022-24 година.
А тоа е темата на следните (предвремени или редовни) парламентарни избори.
Оттука, предвремени избори меѓу есента 2026 и пролетта 2027 се само консензус на парламентарните партии за предвидливото сценарио:
- Ново одбивање на обврските од Преговарачката рамка за Скопје да продолжи да зависи од ЕУ интеграцијата на Белград, низ
- Свесно и намерно пропуштање на бранот на проширување, како во 1997 година.
Претседателство на НоРа, IX седница, 26 август 2026