Соопштение: И пред и по Извештајот - нема изненадување

Неискрени се изблиците на "разочараност" дека Црна Гора, Албанија, Молдова и Украина се пред нас во ЕУ-интеграциите.
Отпорот кон реформите во (право)судството, отворањето на досиејата на поранешните служби, новиот Кривичен законик... е отпор кон слободата на (право)судството и - со тоа - кон владеењето на правото.
Без владеење на правото останува буџетско-командното стопанство што не' деиндустријализира и иселува.
За илустрација: Владеење на правото е и санкционирање на криминал и корупција - и навремена исплата на повратот на ДДВ.
Споредбено со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдова, Северна Македонија нема ниту "полесна" ниту "потешка" задача.
Одговорност на оваа политичка генерација е да го оствари приоритетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ низ институционални чекори. Со поддршка од 70% - тоа е полноправното членство во ЕУ.
Тоа значи примена на Преговарачката рамка - вклучително уставните дополнувања