Соопштение: НБРСМ да воведе итен супервизиски надзор над АЛТА Банка во РСМ

Откако НБРСМ свесно ги игнорираше предупредувањата на НОВА РЕПУБЛИКА од 12 август 2025: НАРОДНАТА БАНКА ДА ВОВЕДЕ ИТЕН СУПЕРВИЗИСКИ НАДЗОР НАД АЛТА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседателот Ивон Величковски на 12 август 2025 во јавно обраќање предупреди дека преземањето на „Стопанска Банка“ АД Битола (СББ) е сериозен финансиски и безбедносен ризик.
Нова Република не молчеше кога за овој процес молчеа сите традиционални партии – затоа што во органите на СББ сите имаа свои партиски кадри.
Претседателот Величковски тогаш предупреди дека вртоглавиот подем на Мацура се одвива поради неговата исклучителна блискост до екс-претседателот на Србија, Вучиќ. Величковски најави дека ова е и политичко и безбедносно прашање.
Народната банка на РСМ и гувернерот Славески свесно ги игнорираа фактите и нашите предупредувања, а Алта Банка стана сопственик на СББ преземајќи ја од системот на Орце Камчев, ставен на американската „црна листа“ за обвиненија за корупција.
Затоа сега НОВА РЕПУБЛИКА бара да не се игнорираат следните неопходни чекори:
- Гувернерот на НБРСМ веднаш да издаде налог за ЦЕЛОСНА итна теренска супервизија согласно член 115 од Законот за банките и
- Паралелно, НБРСМ да биде подготвена веќе следните два дена да го примени членот 130 поради зголемениот ризик за банката поради загрозена ликвидност (т.н. „банкарско стампедо“), по потреба и со забрана на одредени исплати кон матичната банка во Србија;
За следните потребни чекори НоРа ќе ја следи состојбата и во Северна Македонија и во Србија.
Славески лично и органите на НБРСМ донесоа политичка одлука за дозвола на влезот на Мацура во нашиот банкарски систем и сега мора да носат политичка одговорност за одлуката.
За ова прашање се одговорни и мнозинството на премиерот Мицкоски коешто го избра Славески на гувернерската позиција и претседателката на Републиката, која го предложи на функцијата.