НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Вести

XI седница на Претседателството: Продолжуваме со проектите од Политичките приоритети 2026

1 октомври 2026·Нова Република
XI седница на Претседателството: Продолжуваме со проектите од Политичките приоритети 2026

НОВА РЕПУБЛИКА продолжува со своето опозициско дејствување и со проектите од Политичките приоритети на НОВА РЕПУБЛИКА за 2026, реши Претседателството одржано во Куманово.

Затоа НОВА РЕПУБЛИКА да продолжи со предлагање конкретни (законски) решенија, а особено:

- уставни дополнувања,

- ветинг;

- отворање на досиејата;

- проширена конфискација на криминалниот имот;

- проширен опфат на рестриктивните мерки;

- уредување на работењето со крипто-валути;

- нов Кривичен Законик.

НОВА РЕПУБЛИКА ќе соработува само со партиите, групациите и независните листи кои:

- ги прифаќаат проектите и ставовите на НоРа и

- Јасно (преку постапки) и јавно (преку изјави и политички документи) се залагаат за евро-интеграција на Северна Македонија, вклучително поднесување на уставните дополнувања во Собранието на Републиката.

При Влада што ги запира реформските и евро-интегративните процеси, националните цели не можат да ги остварат кадри кои:

- соработуваат со власта,

- опозицискиот процес го сведуваат на кадровска промена во една партија и/или

- понудата ја сведуваат на политичка демагогија.